Македонија
15. јуни 2017 - 0:02

Почна изградбата на модерен зелен пазар во Охрид

Охрид ќе добие современ затворен зелен пазар лоциран на местото на досегашниот во строгиот центар на градот.

Новиот објект кој ќе се простира на површина од околу 1230 квадратни метри ќе располага со 190 тезги опремени по сите  стандарди, подземeн паркинг простор за 100возила, како и со повеќе дуќани и деловни простории.

Административно деловната трговска зграда ќе допринесе за модернизирање на условите за работа и исполнување на стандардите за трговија .

Градежните работи на објектот треба да завршат за 18 месеци а Вкупната вредност на оваа инвестиција ќе чини околу 4 милиони евра.