Македонија
11. April 2016 - 12:49

Почна изградбата на локалниот пат во село Саса до Мечкарското маало

Денеска започна изградбата на локалниот пат во село Саса до Мечкарското маало во должина од 2,5 километри. Градоачалникот Дарко Митевски кој направи увид во стартот на градежните работи на фирмата изведувач„ ЕСЕМ- компани“ од Св. Николе, истакна дека овој пат е од големо значење за жителите кои живеат во овој рурален дел од Македонска Каменица.
 
- Овој пат го градиме со финансиски средства од Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој и искрено верувам дека со овој инафраструктурен проект ќе решиме голем проблем за жителите од овој дел на Саса. Нашата цел како општина е да создадеме подобри услови за живот во селските населби и да го подобриме квалитетот на животот на луѓето кои живеат во овој дел од општината, рече Митевски.
 
Во рамки на проектите финансирани од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во Општина Македонак Каменица е и изградбата на уште два локални пата, во вкупна должина од околу 2 километри.
 
- Станува збор за изградба на локалниот пат во село Цера и во село Дулица до Дуѓерско маало. Двата пата се во должина од по еден километар. Очекуваме дека овие три значајни инфраструктурни проекти ќе бидат завршени до есента, рече Митевски.
 
Вкупната вредност на овие три инфраструктурни проекти финансирани од Агеницата  е 20 милиони денари.