Почна изградбата на локален пат кој ги поврзува „Вера Которка“ и село Биљaновце, кумановско
Почна изградбата на локалниот пат од кумановската населба „Вера Которка“ до село Биљановце во должина од 2,6 километри, соопштија денеска, надлежните од општина Куманово.
Патот се гради со средства обезбедени од проект за која аплицираше општината до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој.
– Преку одобрената апликација ни беа доделени максимален износ на средства 20 милиони денари, но потребни се дополнителни средства, за целосна реконструкција што општината ќе ги обезбеди од сопствениот буџет од идната година, изјави раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.
Досега жителите од двете населени места користеа пат кој само бил пробиен, изграден од локалното население. Со изградбата на патот се очекува побезбено и поефикасно поврзување на двете населени места.
– Идејата е во иднина, општина Куманово или преку сопствени средства или дополнителни фондови да продолжи со поврзувањето од село Биљановце до село Пчиња над клучката кај автопатот-изјави Сларидис Јаневска.
Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, минатата година подготвиле апликација до Министерството за земјоделството, односно до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 3.2.1 за развој на јавна инфраструктура во рурални средини, односно под мерка инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на две или повеќе населени места.
Ново на Сител
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан
-
Стејт департментот ги замрзна речиси сите американски програми за меѓународна помош
-
При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан
-
Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пронајдени неколку пиштоли во автомобил кој го возел 15-годишно дете
-
44 години од раѓањето на Тоше Проески - „Ангел си ти“ програма во Крушево
-
Промоција на нови полициски службеници