Македонија
6. јуни 2016 - 17:26

Почна изградбата на капела во Ново Село

По Сушица, Мокрино, Мокриево и Ново Коњарево, изградба на капела почна и во населеното место Ново Село кое е најголемо според бројот на населението во истоимената општина.

Како што изјави градоначалникот Блажо Велков, за капелата биле понудени повеќе идејни решенија.

- Решенијата беа презентирани од страна на изготвувачот пред граѓаните на Ново Село и тие сами избраа кое ќе се реализира. На територијата на општина Ново Село во повеќето населени места веќе има изградено капели и тоа во Сушица, Мокрино, Мокриево и Ново Коњарево, рече Велков.

Изградбата треба да заврши за неколку месеци, а проектот е предвиден во програмата на општината за оваа година. кд/мч/16:00