Бизнис
16. јуни 2016 - 16:29

Почна изградбата на еко населбата „Александрија“ во Ѓорче Петров

Почна изградбата на првата ЕКО населба во Општината Ѓорче Петров во Скопје.

Денес беше поставен камен темелникот на првите две згради во населбата со име Александрија. Паралелно со нив ќе се гради и целата инфраструктура.

Како што посочи менаџерот на проектот во новата населба која треба да биде готова за 5 години, ќе се сместат околу 20 000 фамилии. Сите објекти ќе се градат со најсовремени еколошки материјали за градба.

Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец која покрај бројните паркови и зелени површини кои се очекува да бидат изградени, ќе претставува уште еден извор на свеж воздух за граѓаните.

Населбата се протега на простор од 150 000м2, со вкупна изградена површина од 500 000м2. Лоцирана е на само 5км од центарот на Скопје. Предвидено е првите станбени комплекси да бидат вселиви до јули догодина.