Македонија
15. February 2016 - 23:43

Почна изградбата на црквата „Сретение Господово“ во Железара

Во скопската населба Железара денеска почна изградбата на црквата „Сретение Господово“. 

Чинот на осветувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. 

На настанот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалниците на Град Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски. 

Идејата за изградба на црквата е од 1974, а подготовките за нејзина реализација се од 2003 година. За населбата Железара, која има осум илјади жители, ова ќе биде првиот православен храм.