-->
-->
Почна изградба на нова улица во Македонска Каменица
-->
Општина Македонска Каменица почна со изградба на улица на барање на граѓаните кои сега имаат полесен пристап до центарот на градот.
Улицата ќе ги поврзува улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ со централното градско подрачје и ќе биде долга 80 метри, а широка 5,5 метри.
- Со ова поврзување на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ значително ќе се олесни пристапот на граѓаните до центарот на градот, но ќе биде подобрен и сообраќајниот пристап во овој дел од Македонска Каменица, истакна Васко Десподовски од таа општина.
Проектот предвидува и изградба на бетонски потпорен ѕид во должина од 75 метри и се реализира со финансиски средства од буџетот на општината. Улицата треба да биде завршена до јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората