Македонија
1. August 2018 - 20:40

Почна изградба на фекална и атмосферска канализација во населба Пржино

Подобри услови за живот на жителите на Пржино и Црниче треба да овозможи изградба на фекална и атмосферска канализација во населбата Пржино, на чиј почеток на градежните работи денеска присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, придружуван од Бојана Ацева, член на Советот на општината. 

Како што соопшти општината, според планот на ул. Зеленгора, се предвидува изградба на фекална канализација во должина од 82 метри и атмосферска во должина од 66 метри.

На теренот градежните активности ги изведува фирмата АД Енергомонт Скопје, а треба да завршат до крајот на овој месец.