Loading Video...
Свет
28. January 2021 - 20:21

Почна истрагата во кинескиот град Вухан за потеклото на Ковид-19

Тимот научници на Светската здравствена организација во кинескиот град Вухан ја почна теренската истрага за потеклото на Ковид-19. Короната прв пат беше откриена во Вухан на крајот на 2019 година, а за епицентар на заразата се смета еден од тамошните пазари на кои се продава месо од егозтични животни. 13 те меѓународни експерти ќе се обидат да ја решат мистеријата што го промени светот. Утрово фармацевтските компании Фајзер, Бајонтек соопштија дека  Нивната вакцина е ефикасна и против мутациите на Ковид-19. Сепак потенцираат дека ќе продолжат да ги следат новите видови. Борбата за набавки на антиковид вакцини во Европа продолжува. ЕУ и Астра Зенека синоќа не се договорија колку дози блокот ќе добие до март, откако приизводителот на вакцината објави дека нема да може да ги испорача претходно договорените 80 милиони дози.

Масовни проетсти во Полска поради новиот закон за абортус. Се протестира во повеќе градови а протести се најавуваат и за утре. Според Законот, абортусот ќе биде дозовлен само во случај на силување и инцест или доколку бременоста го загрозува животот на мајката.

Судот во Русија одлучи опозиционерот Алексеј Навални да остане во притвор во траење од 30 дена. Тој беше уапсен на 17 јанаури за непочитување на условната казна за проновера на пари. На почетокот на февруари судот ќе одлучи  дали условната казна ќе му ја замени со затворска.