Македонија
14. November 2016 - 16:50

Почна градба на црква во дворот на болницата во Штип

Во кругот на штипската Клиничка болница поставен камен темелник на црквата „Свети Кузман и Дамјан“, двајцата браќа лекари. Цркавата ќе се градо со донација од семејството Роземгрен од Шведска, кое пред неколку месеци донираше медицински апарати и опрема во болницата.

-Во Шведска секоја поголема болница има црква. Дали за радост или тага, секогаш одат во црква за да запалат свеќа-изјави Томас Розенгрен од НВО „Хенд Хил Хенд“ од Шведска. 

Митрополитот Брегалнички господин Иларион заедно со свештеници од Брегалничката епархија го освети камен темелникот на црквата, и искажа уверување дека веќе наредната година ќе биде осветено најсветото место во кругот на болницата.

-Ова ќе биде место и на радост, не само на тага, каде што многу луѓе ќе се заблагодаруваат за нови рожби. Тука луќето ќе му се заблагодаруваат на бога кои ќе бидат излечени и исцелени и ќе појдат дома како телесно и душевно здрави-изјави Г-дин Иларин, Митрополит на Брегланичката епархија

Ктиторот од Шведска  најави дека за 10- тина дена ќе пристигне и уште една донација во опрема и апарати за штипската Клиничка болница.