Почна есента
– Есента во земјава и на северната хемисфера почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.
Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата.
Според прогнозата на синоптичарите, на првиот ден од есента времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите