Македонија
13. May 2018 - 16:30

Почна чистењето на дното на Охридското езеро

Дното на охридското езеро полно со отпад. Столици ,маси ,автомобилски гуми ,покуќнина,шишиња ,лименки најразлични пластики и железа извадија нуркачите на потегот од градското пристаниште па се до Канео. Од клубот за подводни дејности најнапред вршеа снимање и детекција на локациите каде се спрoведе акцијата под мотото „Без вода нема живот „која има за цел да влијае на свеста на луѓето кои секојдневно го загадуваат езерото.

Градоначалникот Стојаноски најави дека од крајот на месец мај ќе следат голем број на акции за чист Охрид во пресрет на туристичката сезона.

Инаку чистењетo на дното на езеротo се спроведува редовно преку дваесет години. Во рамки на еко акцијата ќе бидат изработени подводни фотографии и видео спот за заштита на Охридското Езеро.