-->
-->
Почна барањето согласност од родителите за скрининг на учениците следната недела
-->
Во 364 основни и 109 средни училишта наредната недела ќе биде направен скринингот со брзи тестови за ковид 19 на 8178 ученици. Од Министерството за здравство информираат дека од денеска почнале со собирањето на согласности од родителите а децата ќе ги бираат по случаен избор од електронските дневници.
Најмногу тестирања или 766 ученици ќе бидат од скопските училишта, 546 од Тетово, 489 од Куманово, 378 од Битоал, 309 од Прилеп и 296 од Гостивар.
Надлежните апелираат до родителите и старателите да дозволат да биде спроведено превентивното тестирање за да имаат релевантни податоци за трансмисијата на вирусот во образовните установи како и лоцирање на асимптоматски случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност