Почна асфалтирањето на патниот правец Бурилчев-Аргулица
Градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со асфалтирањето на патниот правец село Бурилчево во општина Чешиново Облешево до село Аргулица во општина Карбинци. Патот е во должина од 3,5 километри и е дел од регионалниот патен птравец од Виница преку Зрновци, Чешиново Облешево до Карбинци и ќе поврзува осум населени места во четири општини од истокот.
- Патот е од особено значење за жителите на општина Чешиново Облешево. За да стигнат до општина Штип, односно до општина Карбинци тие минуваат пат долг 25 километри. Со изградбата на новата делница од овој регионален патен правец, патот се скратува на 10 километри, со што бенефитот е мошне голем, изјави Костадин Личков ,градоначалник на Чешиново Облешево.
Делницата Бурилчево - Аргулица е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. Вкупната вредност на овој патен правец е 15 милиони денари.
Јавното претпријатие за државни патишта за регионалниот пат Виница, Зрновци, Карбинци досега инвестираше средства во износ од 31 милион денари.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари