Почна асфалтирањето на обиколницата во Штип
Градежната компанија „Актива“ од денеска почна со асфалтирање на обиколницата од населбата „Сењак„ до булеварот „Гоце Делчев“. Директорот на ЈП „Стипион“, Игно Иванов на денешната прес-конференција истакна дека во првата фаза се асфалтираат околу еден километар, до крајот на градежната сезона се очекува да биде поставен и мостот на реката Брегалница кој е во должина од 60 метри, а инвестицијата на општина Штип изнесува околу 43 милиони денари со ДДВ.
Иванов потенцира дека оваа обиколница ќе значи растоварување на сообраќајот по булеварот „Гоце Делчев“ и кај Камениот мост, а жителите на поголемите штипски населби „Сењак“, „Баби“, „Дузлак“, „Дузлачки рид“, „Света Недела“ и „Автокоманда“ ќе имаат директна врска со индустрискиот дел на градот.
- Компанијата „Актива“, која пред пет до шест месеци го започна овој проект, веќе започнува со асфалтирање. Во тек е и изградбата на мостот кој што е во должина од 60 метри. Тука не застануваме овој пат ќе продолжи и преку улицата „Велјко Влаховиќ“ и ќе завршува до бањата Кежовица, изјави Иванов.
Ширината на коловозот на обиколницата е седум метри, а ќе има и тротоарна површина од два метра, за безбедност на пешаците кои ќе се движат или се враќаат од индустрискиот дел на Штип. Предвидена е и изградба на кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешна „Алумина“.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште