Македонија
30. November 2022 - 19:48

Почна амандманската расправа за Буџетот

Со над 200 амандмани опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска па во наредните 7 дена ќе се обиде да ги коригира владините проекции во буџетот за 2023 година, најавуваат од пратеничката група на партијата. Тие сметаат дека услови на економска криза и заголемување на инфлацијата Владата го крои најголемиот буџет кој не нуди раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните.

Во собраниската комисија за финансирање и буџет, пак, власта остана на своите ставови да ги одибва опозциските амандмани.

Владата го одби и амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на прогресивниот данок од 1 јануари, и покрај тоа што владиниот предлог беше кртикуван во јавноста уште пред негколку години.

Претходно власта го одби и амандманот со кој пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ предложија и т.н. менструална правда со намалување на даноците на менструалните производи од 18 на 5 отсто со цел на жените да им бидат подостапни и поефтини.

По завршувањето на мандманската расправа буџетот оди на доработка во Владата за да се извршат донесените корекции и потоа се враќа во парламентот за конечно да биде донесен.

Видеа од Македонија