Свет
18. July 2016 - 11:10

Почна акцијата на одмазда, еве како ги мачат уапсените пучисти!

Стотици војници легнати со заврзани раце во една просторија, уапсени војници кои мора да гледаат во фотографија на Ердоган. Ова се сликите кои се вртат на социјалните мрежи откако во Турција почна акцијата на одмазда.

Веќе почнаа да пристигнуваат првите критики и предупредувања од ЕУ и САД, дека не се почитуваат законите и демократските принципи во земјата, како и пораката дека по пучот не значи дека Ердоган може да прави што сака.