Почна 9. гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“
Со настап на Д Чикс, Д Планктонс, Блек енд вајс соушл клаб, Влатко Илиевски и Акустик дивижн, Рибља чорба и Диџеј Дуоз вчеравечер на скопското Кале почна деветтото издание на традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“.
На отворањето на „Пиволенд 2016“, како што соопшти Град Скопје, присуствуваше и градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева.
Во текот на пет фестивалски денови, до 4 септември, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе имаат можност да дегустираат пиво и гурмански мезиња, да проследат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и да уживаат во катчињата за забава.
Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“.
За организација на гурманскиот викенд Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.
Музичката програма на „Пиволенд“ е поделена на три бини на Кале, како и една бина во Пивница „Стар Град“. Покрај на главната бина, посетителите ќе може да слушаат добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ (џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс).
Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2016“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи: Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други. Од регионот гостуваат Рибља Чорба и Министарке.
Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“, како кендо, мечување и стрелаштво. На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК