Македонија
9. September 2017 - 17:02

Почна 25 издание на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“

Претставата ,, Коските што доцна доаѓаат,,  на националниот театар од Косово го означи стартот на јубилејното 25- то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков во Струмица. За време на петте фестивалски денови  ќе бидат одиграни 13 претстави од македонска, но и во продукција на театарски куќи од регионот. Јубилејното издание на фестивалот кој е  посветен на актерот и актерската го отвори премиерот на Република Македонија Зоран Заев кој  порача дека театарот не  е само сценско раскажување приказни, туку  место за средби меѓу луѓето, меѓу актерите и публиката.

,, Театарот и понатаму е силен медиум со чие посредство, со атрактивните и предизвикувачки претстави на сцената, пред публиката се разобличуваат негативните појави со кои се соочува светот денес и во исто време се посочуваат добрите сили кои во себе ја носат светлината и надежта.,, рече Зоран Заев – претседател на владата на Република Македонија

На фестивалот во Струмица присуствуваше и минсиерот за култура Роберт Алаѓозовски кој најави дека за разлика од претходно фестивалот во иднина ќе  има зголемена поддршка од ресорното министерство.

,, Наша цел е на фестивалите да им дадеме онолку поддршка колку што им треба за да направат квалитетна програма да си ја извршат својата мисија.,, рече Роберт Алаѓозовски – министер за култура

Минатогодишниот лауреат и претседател на фестивалското жири Зијах Соколовиќ очекува богата програма и голем број  квалатетни актерски остварувања.

,, Има многу претстави, има многу актери,  но верувам  дека ќе го најдеме најдобриот пат оваа награда да живее и понатаму.,, рече Зијах Соколовиќ – претседател на жири комисијата

Годинава во конкуренција за едниствената награда на фестивалот која го носи името на Ристо Шишков влегуваат околу педесетина актери. Најдобриот традиционално ќе го добие златниот медаљон со ликот на Шишков и паричен износ од 1500 евра.