Македонија
3. January 2016 - 17:26

„Почивај во мир пријателе": Димитар погребан - Охрид во црно

Охрид е завиен во црно по крвавата Нова Година во која 26-годишниот Димитар Матилоски беше претепан до смрт. Социјалните мрежи се преплавени со коментари... Болка, тага,солзи, неверување во семејството, роднините и пријателите.....Како што пишуваОхриднет, семејството и другарите на младото момче не можат да се помират со загубата.

Сочуство до семејството....Доживотна казна за ајваните.....Голема жалост штета што нема правда....Казна за злосторниците...Почивај во мир драг пријателе....Бoг дa гo прoсти некa пoчивa вo мир..се само дел од коментарите за прерано згаснатиот живот.

Во голем дел од коментарите има омраза кон српскиот државјанин на Кралјево кој со неколку удари го усмрти младиот Димитар.

Денеска младото момче беше испратено во вечното живеалиште.