Починатото лице пронајдено во бездната кај Демир Капија е исчезнатиот Илија по кого се трагаше две години
Потврда дека Илија Лазаревиќ е починатото лице пронајдено во бездна кон крајот на март годинава, е нивниот син кој за исчезнат се водеше од април 2021 година добиле родителите од Демир Капија.
Неговата мајка Снежана која никогаш не загуби надеж дека синот ќе и се врати здрав и жив дома, објави дека ја добиле тажната вест.
- По две години потрага нашиот син Илија Лазаревиќ од Деми Капија наместо добра и убава вестт да слушнам, слушнав тажна вест дека мојот син е најден мртов во Демир Капија на Просек во провалија. Погребот ќе биде утре, во 10 часот ќе биде изложен во капелата, а погребот ќе биде во 11 часот, објави мајката на Илија.
За Фокус таа појаснува дека вчера добиле писмо со сочувство од обвинителството. Било посочено дека со 99 процентна сигурност телото е на Илија. Снежана, иако ја препознале со сопругот облеката на синот, се уште се надева дека ова е само сон, а Илија ќе се врати.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ