Македонија
4. March 2018 - 12:19

Починато машко лице пронајдено на стариот пат Охрид-Струга

Непознато починато машко лице вчера околу 10:30 часот било пронајдено на стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска. 

Како што информира МВР, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за лицето Д.С.(60) од Охрид, кој на 7 февруари годинава бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С.

По наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.