Loading Video...
Свет
2. August 2021 - 12:42

Починати 8 лица во големите пожари во Турција

Во големите пожари кои ја зафатија Турција досега починаа најмалку 8 лица. Во земјата престојуваат голем број на туристи кои биле евакуирани од нивните сместувања, а евакуацијата била извршувана со чамци и бродови. Турскиот министер за земјоделство и шумарство изјави дека се сомневаат во начинот на кој настанале пожарите бидејќи симптоматично е што што огновите избувнале речиси истовремено. Од 28 јули турските пожарникари се борат со пламените јазици кои ги зафатија регионите кај Бодрум и Мармарис. Според изјавата, од 28 јули се појавиле вкупно 112 пожари од кои локализирани се 107.