Македонија
30. April 2020 - 13:17

Починати 4 и потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка  од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од  околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје – 498

       Куманово - 389

       Дебар – 51

       Штип-34

       Прилеп –150

       Тетово – 82

       Струга – 66

       Велес – 71

       Битола –19

       Охрид –15

       Кавадарци – 5 

       Гостивар –17

       Гевгелија – 4

       Струмица – 2

       Крива Паланка-5

       Радовиш - 4

       Крушево – 3

       Кочани – 28

       Пробиштип – 2

       Кичево – 2

       Неготино -9

       Демир Хисар – 1

       Македонски Брод -2

       Пехчево- 2

       Делчево-1

       Валандово -1

       Виница - 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10 .  Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика. 

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.