-->
-->
Почината мигрантка пронајдена со уште тројца мигранти во с. Богородица
-->
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица вчера во 15.45 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, пронашле четири лица мигранти (без документи за идентификација), по нивно кажување од Сирија, од кои едно женско лице било починато. Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт кај лицето.
- По исказ на лицата почината е Т.А.С.(44), а останатите три се А.С.(21), Ј.Ј.(28) и Ј.М.(27). По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, а останатите три лица биле сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи