-->
-->
Починал на 20 минути и го шокираше светот: Тоа што тој го кажа, досега никој не го раскажал!
-->
Зак Клементс е седумнаесетгодишно момче од Тексас кој од мал го сака спортот и е во одлична форма.
Но, тој наеднаш се онесвестил додека трчал на час по физичко, а лекарите велат дека неговото срце не чукало, односно дека бил мртов цели 20 минути.
Лекарите од брза помош успеале да го оживеат Зак, по неколку дена се разбудил од кома, но тие се уште немаат никакво научно објаснување како неговото срце повторно почнало да чука и како мозокот не му е оштетен за тоа време. Но момчето тврди дека знае како преживеал – го спасил Исус Христос.
Додека не бев жив, видов човек со долга коса и густа брада. Ми ја стави раката на рамото и ми рече дека треба да грижам и дека се ќе биде во ред. Не ми требаше многу за да разберам дека е во прашање Исус Христос “, раскажал Зак за ЦБС ДФВ, а пренесува Дејли мејл.
Семејството на Зак во целост верува во оваа приказна:„ Кога се разбуди ни раскажа какво искуство доживеал, но луѓето не се во состојба да сфатат такво нешто“, вели таткото на Зак. Неговата сопруга Тереза воопшто нема сомнежи дека лично Исус го спасил нејзиното чедо: „Благодарна сум на Исус што ми допушти да го добијам своето дете назад“, истакнала мајката на момчето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија