Македонија
25. September 2020 - 11:20

Починал 57 годишен работник од Куманово

Вчера во СВР Куманово било пријавено дека околу 09.00 часот, во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово. Ч.С. од здобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово. Р.И.(27) бил пренесен во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.