Починаа четири пациенти во штипското Инфективно одделение
Четворица пациенти починаа на Инфективното одделение во штипска Клиничка болница. Директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека од коронавирусот починати се тројца пациенти, од кои 52 годишен од Кочани и 68 и 71 – годишен од радовишкиот регион, а четвртиот битката со вирусот ја изгибил како сомнителен случај.
Попладнево почина и заменик – народниот правобранител во Штип, но ќе се евидентира во утрешниот здравствен билтен.
Ѓеорѓијев вели дека за разлика од пролетниот бран, сега во текот на есенските месеци поголем дел од хоспитализираните случаи се со тешка клиничка слика, од кои 14 се и во критична состојба. На одделението имаат 20 пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка. Во моментов на Инфективното и Кожно одделение се лекуваат вкупно 57 пациенти од целиот источен регион, а се размислува да се прошири болничкиот капацитет и на друго одделение.
– Во октомври имаме потрошено 13,5 тони медицински кислород, а во септември 6,5, што е двојно и покажува во каква состојба ни пристигнуваат пациентите во болницата, вели Ѓеорѓијев.
Забележува дека во моментов имаат лекови, здравствена опрема за медицинскиот персонал, а во текот на утрешниот ден најавено е дека ќе пристигнат и донации од маски.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс