Почина жената која ја „изгради" Македонија - носител на Партизанска споменица
Во Тетово почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941. Бранка Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. Била учесник во Народно-ослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та девизија.
По ослободувањето станува член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово. Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета.
Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.