Почина затвореник од КПУ Идризово позитивен на Ковид-19
Во болнички услови вчера почина 72-годишен затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“, информираат од Управата за извршување на санкции (УИС).
– Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице кое имало тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. При приемот во болница, 72-годишникот бил тестиран за Ковид 19, а тестот бил позитивен. За жал поради компликации тој починал, а телото е предадено на обдукција, соопштија од УИС.
Воедно, од таму изразуваaт жалење и истакнуваaт дека и затворите, како и речиси сите други установи се соочуваат со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.
– Сакаме да истакнеме дека затворените и притворените лица редовно се тестираат и доколку е потребно се изолираат поради вирусот. Во затворите се почитуваат сите здравствени протоколи, излезите и посетите се забранети, а редовно се прави дезинфекција на просториите, посочуват од УИС.
Од таму уште информираат дека затворот Идризово постојано има медицински персонал кој ја контролира здравствена состојба на сите лица во установата.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени