Свет
17. March 2019 - 16:19

Почина уште едно лице од терористичкиот напад во Нов Зеланд

Полицијата на Нов Зеланд  верува  дека 28 годишниот Брентон Тарант, кој пред два дена изврши масакр во две џамии во градот Крајстчрч,  делувал сам.

Истрагата покажа дека трите лица кои беа уапсени  веднаш по  нападот,  немаат никаква врска со напагачот.

 Во мегувреме, уште едно лице подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од масакрот се искачи на 50. Во болниците се уште се наогаат триесетина лица.  12 се во критична состојба, мегу нив и едно 4 годишно девојче. 

Инаку, Тарант вчера за првпат се појави пред суд. Обвинет е за убиство и одредена  му е мерка притвор. На 5 април  тој треба да се појави пред Високиот суд кога се очекува да му се прошири обвиниението.