Македонија
1. February 2017 - 12:57

Почина уште едно бебе во Скопје

Вчера утро во 07.39 часот во ЕИК Скопје се јавила медицинска сестра од поликлиниката „Ченто“ и пријавила дека кај нив било донесено починато бебе старо околу четири месеци.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера на скопјанката С.П. (41) која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари. 

До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом.

Од страна на лекар била  констатирана смрт кај женското новороденче,  а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија. 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.