Живот
31. March 2016 - 11:49

Почина унгарскиот писател и Нобеловец Имре Кертес

Унгарскиот писател и добитник на Нобелова награда за книжевност Имре Кертес почина денеска на 87 годишна возраст, соопшти издавачката куќа „Магвето“. 

Кертес починал во својата куќа во Будимпешта по долго и тешко боледување, пренесе Танјуг. 

Нобеловата награда за книжевност ја доби во 2002 година. 

Кертес има еврејско потекло, а  во 1944 година е депортиран во Аушвиц, а потоа во Бухенвалд, од каде е ослободен во 1945 година. 

Негови дела се: „Човек без судбина“, „Иста приказна два раскази“, „Ликвидација“,„Досието на К.Кадиш за нероденото дете“, „Фијаско“ и многу други.