Македонија
31. August 2016 - 12:57

Почина Стојко Ристовски

По кратко боледување, вчера почина прота-ставрофор Стојко Ристовски. Тој беше долгогодишен парох и секретар на Повардарската епархија.

На многумина велешани тој им беше духовен отец. Замина за Скопје, како свештено лице на МПЦ Охридска архиепископија но никогаш не го заборави Велес и родното Теово каде што беше и ктитор на манастирот Св. Архангел Михаил.

Опелото ќе биде извршено денеска во 11 часот во црквата Света Богородица во Скопје а погребот ќе биде во 13 часот при манастирот Свети Архангел Михаил во село Теово, општина Чашка.

Прота- ставрофор Стојко Ристовски живееше 68 години.