Македонија
23. December 2019 - 10:50

Почина старицата што беше прегазена вчера на улица во Аеродром

Вчера попладне во 18.00 часот на ул.„Методија Шаторов - Шарло“ во Скопје, патничко возило „тојота корола версо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(22) од Скопје, удрило во пешакот Ц.М.(74) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Ц.М. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“  Скопје, каде на ноќеска во 00.05 часот починала.

Известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје