-->
-->
Почина српскиот амбасадор во Русија, новинарот Мирослав Лазански
-->
Амбасадорот на Србија во Русија, Мирослав Лазански починал денеска на 71 годишна возраст, јавуваат српските медиуми.
Според нив, Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар.
Роден е во Карловац во 1950 година.
Дипломирал на Правниот факултет во Загреб каде ја започнал новинарската кариера. Како новинар има работено во повеќе медиуми во Хрватска и Србија, а известувал од Сирија, Соманија, Крим како и од војните во Авганистан, Чеченија, Иран, Ирак, Либан, Либија, Ерменија, Конго…
Неретко ги коментираше и случувањата на македонската политичка сцена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка