Македонија
4. January 2016 - 11:56

Почина скопјанец откако вчера бил прободен со нож во срцето

Едно лице е убиено во Скопје откако вчера вечерта било прободено со нож во срцето. Според нашите информации, две лица со потешки повреди вчера вечерта биле донесени во Градската болница. Едното лице имало убодна рана најверојатно од нож во пределот на срцето и починало во болница. Другото лице е надвор од животна опасност. Се уште нема информации за идентитетот на убиениот и повредениот.
Од полицијата официјално не откриваат детали. Потврдуваат само дека инцидентот се случил на територијата на Бит Пазар и дека имаат едно приведено лице со кое се во тек разговори. 
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот. 

Ново на Сител