Почина родилка породена во гинеколкошката болница во Чаир
Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје, денеска соопшти дека во претпладневните часови родилка починала како резултат на комплицирана бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и оти родила живо новороденче, по што нејзината здравствена состојба се комплицирала и била префрлена во поранешната градска болница во Скопје, каде што починала.
Како што наведуваат од болницата, родилката била примена вчера со високо ризична бременост во преекламптична состојба во 38-ма гестациска недела од бременоста, со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формации на матката и две претходни породувања со царски рез.
- По приемот се превземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски” – Скопје, каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала, појаснуваат од Гинеколошката болница во Чаир.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО