Македонија
27. January 2022 - 10:15

Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за нападот кај ПМФ

Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.