Свет
13. May 2022 - 15:40

Почина претседателот на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Калифа бин Зајед ал Нахјан, познат и како Шеик Калифа, почина денеска, потврдија властите, пренесоа агенциите.

Шеик Калифа беше претседател на ОАЕ од 3 ноември 2004 година.