-->
-->
Почина познатиот тапанар Драгољуб Ѓуричиќ
-->
Познатиот тапанар Драгоjуб Ѓуричиќ почина по неколкудневна борба со коронавирусот, соопштија од Здружението на џез и рок музичари на Србија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград Ѓуричиќ беше хоспитализиран на крајот на минатиот месец поради коронавирус.
Роден е во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Има свирено во „Леб и сол“, „Ју Група“, „Кербер“ и беше тапанар на Здравко Чолиќ и Ѓорѓе Балашевиќ.
Има пишувано и музика за театарски претстави.
Ѓуричиќ зеде активно учество во граѓанските протести во Србија во 1996 година, предводејќи група од 30 тапанари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата