Македонија
22. May 2017 - 10:29

Почина познатиот македонски професор

 
Почина познатиот македонски патолог и професор на Медицинскиот Факултет, Др. Ѓорѓи Ставриќ, кој беше еден од најистакнатите професори на Медицинскиот факултет, основоположник на цитолошката и хистопатолошката дијагностичка лабораторија при Институтот за Радиотерапија и Онкологија на Медицинскиот факултет во Скопје.
 
Тој ќе биде погребан денеска во 13. часот, а Комеморативна седница ќе се одржи во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет.