Џет-Сет
7. April 2017 - 9:58

Почина познатиот американски актер

Познатиот американски актер и комичар Дон Риклс почина вчера на 90 години, после откажувањето на бубрезите во својот дом во Лос Анџелес.
 
Риклс на почетокот на 70-тите години од минатиот век имаше и сопствено ток-шоу „The Don Rickles Show“, додека на новите генерации им беше познат како гласот на Потејто Хед од „Разговор за играчките“.
 
Во филмската индустрија исто така остави значаен белег, а се појави во повеќе од 80 наслови, вклучувајќи класици како „Казино“ на Скорцезе и „Хероите на Кели“ на Клинт Иствуд.