Џет-Сет
9. November 2016 - 13:14

Почина познатиот актер, се струполи на театарската сцена

Популарниот актер се прослави по улогите во некои од најгледаните ТВ серии, ненадејно почина откако му се слошило во театар.

Овисо Одера, бил на проба на претставата "Measure Plus Dido", кога одеднаш му се слошило и паднал на сцена.

Обидот за реанимација не успеа, па лекарите констатирале смрт кај актерот.

Семејството на 43-годишниот актер не сакаше да ја открива причината за смртта.

Овисо глумеше во популарната серија за вампирите "The Originals", која се надоврзува на хит серијата „Вампирски дневници“:

Глумеше и во сериите "Dirt" и "Three Rivers", а оствари и помали улоги во многу други серии.

Живееше во Санта Моника, а зад себе ја остави сопругата Никол.

Освен на телевевизја, Одера беше активен и во театар, каде глумеше во бројни претстави и мјузикли.