Џет-Сет
6. September 2018 - 21:27

Почина познатиот актер, итно го префрлија во болница но му немаше помош

По срцевиот удар, славниот актер Берт Рејнолдс итно е префрлен во болница во Флорида, но му немаше помош. Почина таму денеска во 82. година.

Во текот на богатата филмска кариера, најмногу ќе остане запаметен по улогите во остварувањата „Смоки и бандит“, „Буги најтс’, “Трката кенонбол“...

Пред три години ги шокираше сите со изјавата дека неговиот помлад колега Чарли Шин заслужил ХИВ.