Џет-Сет
16. February 2016 - 15:04

Почина позната пејачка

Канадската пејачка Денис Катрина Матјус, попозната како Венити, почина во 57-та година од животот. Таа се прослави во 80-те години од минатиот век, кога почна да соработува со Принц. Канаѓанката со бендот „венити 6“ имаше неколку хитови, а глумеше и во филмовите „Последниот змеј“ и „Action Jackson“.
 
За жал, дрогата и ја уништи кариерата , поради која речиси умре во 1994. година. Оттогаш Венити се посвети на евангелизмот.