Џет-Сет
4. December 2015 - 11:40

Почина познат рокер во автобус додека патувал на турнеја

Американската рок ѕвезда Скот Вајланд е пронајден мртов во автобусот со кој патувал на турнеја низ сојузната држава Минесота, јави ТМЗ.

Вајланд се наоѓаше на турнеја со неговиот бенд „Скот Вајланд енд д Вајлдабутс“ и требаше да одржи концерт во салата Медина.

Извор за ТМЗ изјавил дека 48-годишниот Вајланд е пронајден во автобусот синоќа околу 21 часот по локално време.

Полицијата врши увид во автобусот паркиран крај мотел во градот Бломингтон, а телото е пренесено на судска медицина.

Вајланд, кој е поранешен пејач „Стоун Темпл Пилот“ и „Велвет Риволвер“ со години се бореше со зависност од дрога.