-->
-->
Почина познат продуцент
-->
ТВ сценаристот и продуцент Кевин Куран, добитник на шест Еми награди како дел од сценаристичкиот тим на „Симпсонови“ и „Доцна навечер со Дејвид Летерман“, починал во вторникот во Лос Анџелес од последици од рак во 60. година од животот.
Веста ја потврди творецот на „Симпсонови“ Ал Џин на Твитер, кој го запознал Куран кон крајот на седумдесетите, додека заедно студирале на Харвард.
„Кевин беше прекрасен, сјаен човек, кој кажа многу урнебесни работи, некои не се за медиумите, а некои засекогаш ќе зижвеат во анимираната серија“, напиша Џин.
Куран седум години бил во врска со британската писателка Хелен Филдинг, авторка на романите за Бриџит Џоунс, со која има син и ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица