Спорт плус
13. January 2019 - 18:45

Почина поранешниот вардаров фудбалер Душан Шуица

 
 
По кратко боледување, денеска во 71-та година од животот почина Душан Шуица, некогашниот фудбалер на скопски Вардар. 
 
Шуица родум од Липјан,Косово, својата кариера ја започна во родното место, а преку Приштина и Раднички Крагуевац, во 1973-тата година дојде во редовите на Вардар. Црвено-црниот вардаров дрес го носеше четири сезони до 1977 година, приод во кој за Вардар настапи на 85 натпревари и постигна вкупно 26 голови во тогашната Прва Сојузна лига на Југославија. 
 
 
Со своите голгетерските способности, Шуица многумина го споредуваа со легендарниот германски репрезентативец Герт Милер, а во 1974-тата и 76-тата година беше и прв стрелец на Вардар. 
 
Погребот на Душан Шуица ќе се одржи во вторник на Градските гробишта Бутел во Скопје.