Свет
4. March 2017 - 11:05

Почина поранешниот претседател на Хаити, Рене Превал

Поранешниот претседател на Хаити, Рене Превал почина вчера од инфаркт.

Превал (74) беше првиот лидер во историјата на Хаити, кој победи на демократски избори и по истекот на мандатот мирно ја предаде власта на неговиот наследник.

Тој беше двапати претседател на Хаити - од 1996 до 2001 и од 2006 до 2011 година.

Превал изврши голем број реформи и приватизира голем број државни претпријатија. Тој беше претседател кога се случи разорниот земјотрес во Хаити во 2010 година, при што загинаа над 220.000 луѓе.